Математичкиот гениј Македон дел од денешната расправа, посветена на улогата на вештачката интелигенција во образованието
Подигнување на свеста на општеството за значењето на знаењето и за значењето на наставниците е целта на последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека денешната тема е вештачката интелигенција (ВИ) и дека нивна цел како Влада и како Министерство за образование и наука е да ја воведат во секојдневниот живот на учениците и наставниците, но исклучително внимателно со користење на етичките принципи затоа што секоја нова технологија носи многу добри страни и ризици.