Македонија

Математичкиот гениј Македон дел од денешната расправа, посветена на улогата на вештачката интелигенција во образованието

Подигнување на свеста на општеството за значењето на знаењето и за значењето на наставниците е целта на последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека денешната тема е вештачката интелигенција (ВИ) и дека нивна цел како Влада и како Министерство за образование и наука е да ја воведат во секојдневниот живот на учениците и наставниците, но исклучително внимателно со користење на етичките принципи затоа што секоја нова технологија носи многу добри страни и ризици.

– Денеска со нас е Македон за да нè потсети на тоа што значи знаењето. Без оглед како се развива технологијата, знаењето е исклучително важно, но најважно од сè и клучната улога ја имаат наставниците, кои ги заслужуваат целата наша почит и нашата доверба и се надевам дека тие ќе си ја извршуваат својата функција и во однос на вештачката интелигенција така како што треба,- рече Јаневска.


Таа посочи дека треба да се гордееме со децата како што е Македон и со другите деца што постигнуваат навистина видни, забележителни успеси и на олимпијади и на други меѓународни натпревари. На настанот беше присутен и младиот математички талент Македон Димитровски, кој на Германската математичка олимпијада освои два златни медали и се вброи меѓу најдобрите учесници на натпреварот. Тој изјави дека натпреварот во Германија бил многу интересен и му се допаѓал бидејќи бил првиот натпревар на кој тој имал голема возбуда и трема.

– Имаше најголема конкуренција од досега што имав. На почетокот 110.000 соученици, а на финалето приближно 1.000 и затоа јас многу бев задоволен што учествував. Беше за математика и многу ми се допадна. Добив две медали – едниот за натпреварот „Математички предизвик“ и уште еден медал за прво место лаурет, која е уште повисока награда од злато дадена само на најдобрите во целиот натпревар – рече Македон Димитровски.

Одговарајќи на новинарско прашање како се подготвува, со кого се подготвува и дали има трема за следниот предизвик во Несебар, Бугарија, тој рече дека веќе бил таму и има време за тренинг. 
– Јас сум ги тренирал овие задачи, бидејќи имам континуитет. Немам трема за овој натпревар, бидејќи сум видел како се поставени задачите и имам многу време за подготовка – додаде Македон Димитровски.

Најнови вести од: Македонија

Водечки норвешки мислител се повикува на Сиљановска-Давкова за важно прашање за светот

Објавата која е инспирирана од јавни настапи на македонската претседателка сугерира дека фокусот треба да се префрли од реторика и институционални прогласи кон градење реална средина во која правилата се доследни

To top