Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за примање поткуп при издавање лични документи
Двајца полицајци, една професорка и еден пожарникар се под кривична истрага затоа што за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Полицаецот од Интервентна полиција го поттикнувал колегата, кој фотографирал и примал барања за лични документи да ги прими граѓаните преку ред, со што се создал паралелен неформален начин на вадење документи за кој примале одреден паричен надомест. Сите ќе се гонат кривично за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.