Никола Парапунов, деец за ослободување и обединување на Македонија и прв борец против фашизмот во Балканот – 82 години од смртта
На денешен ден, на 9 декември 1943 година кај селото Бараково, Горноџумајско, во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија, во борба против полициска заседа загинал македонскиот револуционер Никола Парапунов. На 26 јуни 1941 година во околината на Разлог, тој ја формирал првата првата партизанска чета во Пиринска Македонија, прва оружена антифашистичка борбена формација на територијата на тогашна царска Бугарија, која била во сојуз со тогаш хитлеровска фашистичка Германија. Организаторот на првото антифашистичко движење во Царска Бугарија Парапунов се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија, едновремено и за во територијална и етничка смисла на распарчена Македонија. Така Пиринска Македонија, како дел од Царството Бугарија, најрано го крева својот глас за ослободување и обединување на Македонија. Токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата оружена борба против бугарската фашистичка војска и воопшто првата оружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот.