Тема: Платформа на албанската државотворност

Асани: Албанците во РМ треба уставно да се признаат како државотворен и конститутивен народ, а Тирана да стане сѐалбански центар во Балканот!

„Расправата за прашањето на Бугарите во Уставот е само завеса, за да се скрие вистинската цел: да се сведат Албанците на декоративна заедница, а не како партнер во градењето на државата. Опасноста е опиплива и блиска. Слабеењето на уставната субјективност на Албанците ќе создаде простор за екстремистички говор, за дестабилизирачки проекти и нови меѓуетнички тензии.“ – пишува проф.д-р Скендер Асани во својата колумна со наслов „„Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира“, која ја објави весникот на албански јазик „Факти“ од Скопје. Во изминатите недели преку свои колумни, објавени од различни медиуми од Балканот, Скендер Асани ги повикува Албанците од Македонија „да изградат нова Платформа за албанската државотворност“ и „сѐалбанско национално единство“, за да ја „унапредат својата улога како уставно признат државотворен народ и конститутивен чинител на државата Македонија“. Тој ја повикува и „официјална Тирана да ја преземе својата улога како водечки политички центар за албанската нација во регионот“, а „заедно со Приштина и Скопје Тирана да ја изгради и новата албанска оска во Балканот“.

To top