Македонија

Асани: Албанците во РМ треба уставно да се признаат како државотворен и конститутивен народ, а Тирана да стане сѐалбански центар во Балканот!

„Расправата за прашањето на Бугарите во Уставот е само завеса, за да се скрие вистинската цел: да се сведат Албанците на декоративна заедница, а не како партнер во градењето на државата. Опасноста е опиплива и блиска. Слабеењето на уставната субјективност на Албанците ќе создаде простор за екстремистички говор, за дестабилизирачки проекти и нови меѓуетнички тензии.“ – пишува проф.д-р Скендер Асани во својата колумна со наслов „„Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира“, која ја објави весникот на албански јазик „Факти“ од Скопје. Во изминатите недели преку свои колумни, објавени од различни медиуми од Балканот, Скендер Асани ги повикува Албанците од Македонија „да изградат нова Платформа за албанската државотворност“ и „сѐалбанско национално единство“, за да ја „унапредат својата улога како уставно признат државотворен народ и конститутивен чинител на државата Македонија“. Тој ја повикува и „официјална Тирана да ја преземе својата улога како водечки политички центар за албанската нација во регионот“, а „заедно со Приштина и Скопје Тирана да ја изгради и новата албанска оска во Балканот“.

„Од 1991 година до денес се забележува постојана  политичка линија која има за цел да ја намали улогата на Албанците, да ја релативизира нивната уставна субјективност и да ја сврти државата кон еднонационална парадигма. Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира. Распадот на Југославија ги затекна Албанците од Македонија подготвени да бидат чинител за формирање на државата. Тие ја гарантираа евроатлантската насоченост на новата држава и ѝ дадоа меѓународен легитимитет. Но, овој придонес беше потценет, продолжи институционалното третирање на Албанците како опасност, а не како партнер. Системската дискриминација, отфрлањето на албанскиот јазик и основните права доведоа до судирот во 2001 година, од кој произлезе Охридскиот договор.“ – наведува Скендер Асани во колумната со наслов „Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира“, која ја објави денес, на 1 декември 2025 година весникот на албански јазик „Факти“ од Скопје. Асани како историчар е научен советник и редовен професор во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија од Скопје. 

Во оваа колумна Асани, покрај другото, натаму пишува: „Во овој критичен историски момент Албанците мора да се мобилизираат, за да ги одбранат својата уставна субјективност и евроатлантската ориентација преку обединета и стратегиска политичка платформа. Политичкото единство и институционалната поврзаност мора да бидат од најголема важност. Една сѐалбанска коалиција, непоколеблива соработка меѓу централните институции и локалните структури, како и спречувањето на политичките поделби, се клучот за опстанокот и колективната сила. Правното и уставното дејствување се неопходни: следење на сите нацрт-закони и амандмани, што ја нарушуваат уставната субјективност на Албанците, ангажирање во меѓународни судови и институции и обезбедување рамноправна застапеност во државните институции. Меѓународната стратегија и дипломатија треба да ги зајакнат врските со евроатлантските актери и да го поттикнат признавањето на улогата на албанскиот партнер во Македонија  како стабилизирачки партнер, а едновремено да спречат какво било дестабилизирачко влијание.“ – наведува Скендер Асани во колумната.

Во колумната со наслов „Ноември на националната одговорност“, која ја објави весникот „Бота сот“ од Косово на 3 ноември 2025 година Скендер Асани, покрај другото, напиша: „Албанците се соочуваат со историската задача да ја вратат и да ја унапредуваат својата државотворност преку градење нова Платформа за албанската државотворност во Македонија. Официјална Тирана мора да ја преземе водечката улога што ѝ ја доделуваат историјата и геополитичката позиција. Во овие чувствителни моменти таа мора да биде  водечки политички центар за албанската нација во регионот. Тирана не може да молчи пред политичките кризи во Приштина, или пред институционалниот вакуум во Скопјe. Само преку координација со природниот сојузник на Албанците – Соединетите Американски Држави и другите меѓународните партнери Тирана, Приштина и Скопјe можат да изградат нова албанска оска на регионална стабилност и евроатлантска безбедност, правејќи ги Албанците како стратегиски чинител  за иднината на Балканот.“

Во колумната со наслов „Државотворноста наспроти изборите и процесот на интеграција“ , која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ од Скопје на 15 септември 2025 година, Скендер Асани ги повика албанските партии од Македонија да „изградат заедничка национална платформа, заради унапредување на албанската државотворност во земјата“. „По 19 октомври 2025 година два главни предизвика ги очекуваат Албанците: прво, финализирање на процесот на уставни измени, без кои патот кон интеграција во Европската Унија нема да биде отворен; второ, консолидација и унапредување на албанската државотворност, при што Охридскиот договор не би бил затворање, туку отворање  нов процес. Дали албанските партии ќе се префрлат од жесток говор кон заедничка национална платформа?“ – изнесе Скендер Асани во оваа колумна.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top