Се трага по лице, кое денес опожарило две возила близу амбасадата на Бугарија
Припадници на Министерството за внатрешни работи се во активна потрага по непознатиот напаѓач, кој денеска среде бел ден подметнал пожар на возила на бугарската амбасада во центарот на Скопје. Сѐ уште непознатиот млад човек полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на амбасадата на Бугарија во Македонија, по што се дал во бегство.