Со поетскиот митинг „Мостови“ и врачувањето на највисоките награди вчеравечер завршија 64-те Струшки вечери на поезијата
Македонскиот јазик и култура, како и македонската поезија, пулсираа блескаво изминативе четири дена во поетска Струга, каде што се собраа 70 поети од сите светски меридијани на 64-те Струшки вечери на поезијата, оживотворувајќи ја идејата на Гоце Делчев дека светот треба да биде само поле на културен натпревар на народите.