Македонија

Со поетскиот митинг „Мостови“ и врачувањето на највисоките награди вчеравечер завршија 64-те Струшки вечери на поезијата

Македонскиот јазик и култура, како и македонската поезија, пулсираа блескаво изминативе четири дена во поетска Струга, каде што се собраа 70 поети од сите светски меридијани на 64-те Струшки вечери на поезијата, оживотворувајќи ја идејата на Гоце Делчев дека светот треба да биде само поле на културен натпревар на народите.

Со врачување на највисоките награди на годинашниве 64-ти Струшки вечери на поезијата признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчеравечер на „Мостот на поезијата“ во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.


Наградата „Златен венец“ ја доби словачкиот поет Иван Штрпка. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на македонски јaзик ѝ беше врачена на на поетесата Јулијана Величковска за збирката „Рајсфершлус“. Наградата „Мостови на Струга“. Што ја доделуваат УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата за најдобар поет-дебитант ја доби Матеуш Шимчик од Полска за книгата „Потребни се извори“.

На 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата, учествуваа 70 поети од сите светски меридијани. Манифестацијата се одржа под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, а беше финансирана од Министерството за култура и туризам.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top