Тема: полагање правосуден испит на албански јазик

Филков: Правосудниот испит се спроведува согласно со законите! Удар врз уставниот поредок се тврдењата дека законската обврска за познавање на македонскиот јазик е дискриминација!

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, вели министерот за правда, Игор Филков во својата реакција за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Османи ја повикува меѓународната заедница да се вмеша во Македонија, „заради одбрана на албанскиот јазик“ и вели дека „студентите веќе ја презедоа работата во свои раце“!

„Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи реагира на протестот на студентите-Албанци студенти во Скопјe, изразувајќи поддршка за ‘нивната посветеност на заштитата на правата на албанскиот јазик’. Преку јавна објава на фејсбук  Османи иронизира со повиците за смиреност и пасивност, нагласувајќи дека иницијативата сега е во рацете на студентите!“ – објави дене весникот „Лајм“.  Информативниот портал „Тетова сот“ претходно го пренесе повикот на Бујар до меѓународната заедница да интервенира во Македонија, заради „одбрана на албанскиот јазик“ во Македонија, која е за него „држава на два главни народа“.

To top