Македонија

Османи ја повикува меѓународната заедница да се вмеша во Македонија, „заради одбрана на албанскиот јазик“ и вели дека „студентите веќе ја презедоа работата во свои раце“!

„Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи реагира на протестот на студентите-Албанци студенти во Скопјe, изразувајќи поддршка за ‘нивната посветеност на заштитата на правата на албанскиот јазик’. Преку јавна објава на фејсбук  Османи иронизира со повиците за смиреност и пасивност, нагласувајќи дека иницијативата сега е во рацете на студентите!“ – објави дене весникот „Лајм“.  Информативниот портал „Тетова сот“ претходно го пренесе повикот на Бујар до меѓународната заедница да интервенира во Македонија, заради „одбрана на албанскиот јазик“ во Македонија, која е за него „држава на два главни народа“.

„Албанскиот јазик е официјален јазик. Но без јазик ние немаме ништо. Ова е предизвик за албанскиот народ, но е предизвик и за иднината на земјата. Затоа, треба и меѓународната заедница да го одбрани албанскиот јазик, да ја одбрани и оваа држава со два главни етникума.“ – изнесе Бујар Османи, според „Тетова сот“.

Денес, пак, „Лајм“ наведува: „Тие рекоа: ‘Останете мирни’. Не, не… сега сите ќе останеме мирни, бидејќи студентите, најздравиот, најчистиот и најсовесниот дел од општеството, веќе ја презедоа работата во свои раце!’ – посочи Бујар Османи преку општествената мрежа. Неговата реакција доаѓа во време кога албанските студенти најавија протест во Скопјe, барајќи право да полагаат правосуден испити на албански јазик.“

„Протестот на студентите-Албанци ќе се одржи денес пред Камениот мост во Скопјe со почеток во во 16 часот и 30 минути. Тој доби широка поддршка од политички и јавни личности и од граѓани на Албанија.“ – објави „Лајм“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top