Откако е пуштен на условен отпуст, Чавков бара правна потврда дали судењата биле без влијанија кога беше осуден за наводен „тероризам“ во случајот „27 април“!
Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој беше осуден за случајот „27 април“ денеска е пуштен на условен отпуст, потврди за Македонската информативна агенција – МИА директорот на Затворот во Штип Дејан Здравков. Чавков излегол од штипскиот затвор денеска околу 10 часот. На својот фејсбук-профил Чавков денес нагласува дека е „потребен јасен и доверлив процес за правна потврда на најспорните постапки“. „НЕ РЕВИЗИЈА на пресуди, туку проверка дали постапките биле ФЕР, НЕПРИСТРАСНИ и ослободени од влијанија.“ – нагласи Митко Чавков денес по пуштањето на условен отпуст.