Македонија

Откако е пуштен на условен отпуст, Чавков бара правна потврда дали судењата биле без влијанија кога беше осуден за наводен „тероризам“ во случајот „27 април“!

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој беше осуден за случајот „27 април“ денеска е пуштен на условен отпуст, потврди за Македонската информативна агенција – МИА директорот на Затворот во Штип Дејан Здравков. Чавков излегол од штипскиот затвор денеска околу 10 часот. На својот фејсбук-профил Чавков денес нагласува дека е „потребен јасен и доверлив процес за правна потврда на најспорните постапки“. „НЕ РЕВИЗИЈА на пресуди, туку проверка дали постапките биле ФЕР, НЕПРИСТРАСНИ и ослободени од влијанија.“ – нагласи Митко Чавков денес по пуштањето на условен отпуст.

Чавков ја отслужуваше затворската казна во затворот во Штип. Беше осуден на 18 години затвор за наводен „тероризам“ по настаните на 27 април 2017 во македонското Собрание.

Денеска Чавков напиша на фејсбук:

ПРАВНА ПОТВРДА –  ПАТ КОН ДОВЕРБА

Недовербата во правосудството одамна не е перцепција, РЕАЛНОСТ е.

Сомневања за селективност, притисоци, различни исходи за исти случаи, застарувања со измени на закон, сето тоа го отвара суштинското прашање: дали секој во државата имал фер и независно судење? Затоа е потребен јасен и доверлив процес за правна потврда на најспорните постапки. НЕ РЕВИЗИЈА на пресуди, туку проверка дали постапките биле ФЕР, НЕПРИСТРАСНИ и ослободени од влијанија.

Не “судење” на правосудството во целина туку утврдување дали системот во одредени случаи дозволил СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА. Тоа не значи дека ако се утврдат злоупотреби или попречување на правдата, не треба проверка согласно со закон во доверливи постапки.

Оваа не е прашање на минатото. Оваа е прашање на иднината: – како да се врати довербата; – како да се воспостават еднакви стандарди; – како да се спречат вакви сомневања повторно да се појават.

Затоа е потребен транспарентен процес, воден од домашни институции со вклучување независни експерти со европско искуство како гаранција за непристрасност. Владеењето на правото се брани со подготвеност да се провери, кога постои сомнеж. Прашањето е дали тоа важи за сите, или не? – истакна Митко Чавков преку општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top