Тема: пораз

Ахмети не гледа пораз на изборите, најави длабинска анализа и обнова на партиските редови

ДУИ ги изгуби сите поголеми градови како Кичево, Струга, Дебар, Тетово. Ахмети кој постојано зборува дека неговите опоненти во албанскиот политички блок немале легитимитет, по вториот круг од локалните избори целосно делегитимиран – ги изгуби најголемите битки во општините со албанско население.

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Два дена по триумфот во затворениот натпревар во Автокоманда, македонската ракометна репрезентација доживеа тесен, срцепарателно драматичен пораз од Јапонија со 31:32 (17:16) во последниот пријателски дуел оваа година.

„Фол“: Пцуења, навреди и раскол во АА на Таравари, поради незадоволството, оти не победиле во ниедна општина!

„Анализата на резултатите покажува само неколку десетици гласови што ги има добиено Алијансата за Албанците на Таравари во неколку градови. Се очекува да се види што ќе се случи денес по состанокот на Централното претседателство на оваа партиска структура.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

„Фол“: Али Ахмети избега од кампањата во Македонија на протестот во Тирана, за да побара таму спас од поразот, што го чека на 19 октомври!

„На 19 октомври на локалните избори Албанците нема да гласаат за празни ветувања, ниту за злоупотребени знамиња, туку за враќање на достоинството и моралот во политиката. Али Ахмети го предаде идеалот на УЧК.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот остар редакциски коментар.

„Плусинфо“ дознава: ДУИ нема да признае пораз на локалните избори во Чаир

Доколку успее да ги убеди членството и симпатизерите дека со предизборен инженеринг се суспендира волјата на мнозинството Албанци, ДУИ планира тоа да го искористи како иницијална каписла за постизборни протести

To top