Вајц: Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално – Ова е година на спроведување уставни измени и реформи
„Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално. Тие не треба да играат улога во идните преговори со ЕУ. Сите ние, а јас сум австриски државјанин, имавме многу билатерални прашања кои требаше да ги решиме во последните 70-80 години. Потребно е време, исто така и за историјата е потребно време и ние не треба да поврзуваме никакви политички одлуки со овие прашања.“ – изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент вчера.