Тема: Пуцко Петрол

И покрај милионскиот долг, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта

Граѓаните се жалат дека цело време има доцнења на градските автобуси. Стравуваат дека во наредните денови може да има прекин на јавниот превоз поради информациите што ги слушнале, односно проблемите со снабдувањето со нафта.

Дали скопјани ќе останат без јавен градски превоз?!

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие почнаа постепено да се повлекуваат од линиите, а граѓаните сигнализираат редуциран јавен превоз, што во никој случај не смее да си го дозволи една метропола. Тоа е поразително и катастрофално, велат скопјани.

ВМРО-ДПМНЕ: Данела треба да научи дека неможе да користи услуги без да ги плати

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и нејзината соработка со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неизвршувањето на финансиските обврски, главниот град повторно е пред ризик да остане без функционален јавен превоз.

Скопје пред колапс: „Пуцко петрол“ го блокира превозот, граѓаните во неизвесност

Компанијата „Пуцко Петрол“, главен снабдувач со горива за автобусите на ЈСП „Скопје“, од денеска ја прекина испораката на нафта, оставајќи ја во неизвесност достапноста на градскиот превоз за граѓаните во наредните денови. 

To top