Македонија

Дали скопјани ќе останат без јавен градски превоз?!

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие почнаа постепено да се повлекуваат од линиите, а граѓаните сигнализираат редуциран јавен превоз, што во никој случај не смее да си го дозволи една метропола. Тоа е поразително и катастрофално, велат скопјани.

Можно ли е скопјани по втор пат во историјата да останат без јавен градски превоз?! Според сведоштва на граѓани на социјалните мрежи, линиите што сообраќаат од Центар кон Драчево, Лисиче и Пинтија, како и обратно, полека се исклучуваат, најверојатно за да можат автобусите да стигнат до гаражите со останатото гориво.

Пуцко петрол го прекршил сѐ уште важечкиот договор со Јавното сообраќајно претпријатие и го стопирал снабдувањето со нафта. Скопјани се соочуваат со можноста повторно да има прекини во јавниот превоз, или како што информираат од ЈСП – оваа ситуација може директно да влијае врз редовното функционирање на автобусите и врската помеѓу различните делови на градот.

Град Скопје претходно информираше дека компанијата која го снабдува ЈСП со нафта привремено го прекина доставувањето, поради неплатени долгови од претпријатието.

Јавниот превоз во Скопје во минатото неколку пати беше нарушен, предизвикувајќи проблеми за граѓаните, поради протести на приватни превозници или штрајкови на вработените во ЈСП. Денешниот прекин е резултат на прекинот на снабдувањето со гориво од страна на договорената компанија.

Граѓаните се советуваат да ја следат информацијата за можни промени во возниот ред и да планираат патувања според достапните линии.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top