Тема: пушачи

За почеток опомени и едукација за пушачите по 1 март

Најпрво ќе одиме со мека примена на законот што ќе значи на почеток опомени, едукација, рамо до рамо работа во правец на исполнување на условите создавање јавни простори без чад, вели, Никола Грбчевски од Министерството за здравство

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Половина од возрасните во Македонија се пушачи

Речиси 45% од возрасната популација во Македонија активно пуши, што претставува сериозна закана за јавното здравје а Македонија се соочува со алармантна здравствена и социјална криза поврзана со зависноста од никотин. Според најновите објавени податоци, до 70% од адолесцентите во Македонија пробале цигари барем еднаш, а најмладиот регистриран пушач имал само 10 години. Овие податоци […]

To top