Тема: реакции

Храната и пијалоците поевтинуваат, велат надлежните – граѓаните реагираат: Секој ден има нови повисоки цени

Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.

Седум лица завршија со ампутирани прсти и тешки изгореници од петарди

Лекарите посочуваат дека за време на новогодишната ноќ кај седум лица (двајца возрасни и пет деца) било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, извршена била ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија. 

(Видео): Да му се стави црн печат на Саша Мирковиќ – директорот на „Хајп ТВ“, порача Богдан Илиевски

Инцидентот со турбо-фолк пејачот, настана кога тој беше приведен поради настап без дозвола, а во клубот, МВР кажа дека констатирале неиздавање фискални сметки и надминување на дозволениот број гости во локалот. Ова прерасна во регионална медиумска тема. Истовремено, МВР останува на ставот дека интервенцијата била исклучиво по основ на прекршоци и без политички мотив.

(Видео): Со години масовно труење во Струга без никаква одговорност

Во Струга се одржа протест против загадувањето на воздухот од депонијата. Од иницијативата Зелена народна стража посочуваат дека ова не е само протест против загадениот воздух, туку борба против дводецениското труење на стружани и околните жители.

(Фото): Град Скопје нема намера да чисти, ѓубрето останува главен декор и „огледало“ на метрополата

Состојбата е очигледна – сметот не се собира ниту од големите контејнери во центарот, ниту од улиците во населбите. Наместо редовно чистење и хигиена, секој агол на Скопје е веќе претворен во потенцијална депонија.

Опозицијата шири лаги за пожарите мислејќи дека ќе освои политички поени, вели премиерот

Опозицијата го прави ова затоа што мисли дека на овој начин, со таа стратегија, ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од граѓаните. Дури и ако сè што коментираат е вистина, а ништо не е вистина, тогаш се поставува прашањето што прават за да помогнат во процесот, рече Мицкоски.

To top