Клековски: Здравствените услуги од 40 денари, се зголемуваат на 60 денари од 1 јануари
Здравствена услуга за која сега граѓанинот плаќа 40 денари, од 1 јануари ќе чини 60 денари, најави денеска Сашо Клековски, директорот на ФЗО. Тој кажа дека после десетгодишно одложување, одлучиле да ги зголемат референтните цени за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет во здравствените установи во јавниот и во приватниот сектор. Специјалистички преглед спрема ценовникот на Фондот досега беше 380, сега е зголемен на 720 денари.