Средба на министерот Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс: Потврдени одличните односи меѓу двете земји
На средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска во Скопје со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс беше разговарано за реформските процеси, но и за натамошното унапредување на заемните односи, со посебна насоченост кон политичката и економската соработка.