Македонија

Средба на министерот Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс: Потврдени одличните односи меѓу двете земји

На средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска во Скопје со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс беше разговарано за реформските процеси, но и за натамошното унапредување на заемните односи, со посебна насоченост кон политичката и економската соработка.

На средбата Муцунски-Варнс беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. 

Беше нагласено дека во време на зголемени безбедносни предизвици и опасности американско-македонското стратегиско партнерство, безбедносната соработка и сојузништвото во НАТО се од особено значење за стабилноста и безбедноста.

На средбата беше потврдена заемната посветеност на натамошно продлабочување на двостраната соработка и унапредување на пријателските односи. Притоа беше поздравена неодамна одржаниот втор состанок на Стратегискиот дијалог во Вашингтон.

Најнови вести од: Македонија

To top