Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ на 20 студенти за Универзитетот „Јорк“ во Солун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила Водно ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри македонски студенти, кои ќе го продолжат своето високо образование на престижниот Сити колеџ – Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“ во Солун.