Тема: соочување со законот

Зорица, ќерката на Чавков до прогонувачите за „27 април“: Нема да спиете мирно уште долго, знаеме како изнудувавте лажни сведочења, ќе се соочите со законот!

Зорица Чавкова-Пинтарич, ќерката на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој вчера излезе од затворот во Штип, каде што ја издржуваше казната за настаните од 27 април, посочува дека нивната борба дури сега почнува. Таа вели дека не може да го опише чувството кога го пречекала татка си на слобода. „Нема да дозволиме оваа неправда да биде заборавена. Сите што учествувале во политичкиот прогон еден ден ќе мора да се соочат со законот. Да не мислат дека мирно ќе спијат уште долго, знаеме се… Како изнудувале изјави, како инструирале лажни сведочења… Располагаме и со материјални докази за сѐ. Борбата дури сега почнува!“ – напиша Зорица Чавкова-Пинтарич.

To top