Македонија

Зорица, ќерката на Чавков до прогонувачите за „27 април“: Нема да спиете мирно уште долго, знаеме како изнудувавте лажни сведочења, ќе се соочите со законот!

Зорица Чавкова-Пинтарич, ќерката на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој вчера излезе од затворот во Штип, каде што ја издржуваше казната за настаните од 27 април, посочува дека нивната борба дури сега почнува. Таа вели дека не може да го опише чувството кога го пречекала татка си на слобода. „Нема да дозволиме оваа неправда да биде заборавена. Сите што учествувале во политичкиот прогон еден ден ќе мора да се соочат со законот. Да не мислат дека мирно ќе спијат уште долго, знаеме се… Како изнудувале изјави, како инструирале лажни сведочења… Располагаме и со материјални докази за сѐ. Борбата дури сега почнува!“ – напиша Зорица Чавкова-Пинтарич.

„Татко ми беше неправедно осуден и години помина во затвор. Од дете растев со семејни посети на секои две недели, а подоцна, кога го положив правосудниот испит и добив лиценца за адвокат, кај него влегував не само како ќерка, туку и како адвокат… кој смееше да застане помеѓу татко и ќерка? Секој ден го посетував. Денеска го пречекав на слобода. Тоа е чувство што не може да се опише со зборови. На излезот им се заблагодарив на затворските службеници за човечноста што ја покажуваа низ годините… ги паметам гестовите на сочуство и поддршка од секој еден. Народот беше на наша страна безрезервно, безброј пораки во знак на поддршка добивавме низ годините наназад“, напиша Зорица Чавкова Пинтарич.

Таа додава дека е горда на својот татко, посочувајќи го како човек од кого учела не само право, туку и достоинство.

„Јас сум многу горда на татко ми… тој е магистар по кривично право, со часови поминуваме заедно анализирајќи случаеви, разработувајќи правни институти. Од татко ми учев за правото, но најважно .. научив за достоинство и за тоа како човек да остане исправен и кога му е нанесена најголема неправда. Токму семејството беше силата, што нѐ одржа низ сите овие години. Денес е на условен отпуст ,согласно со судска одлука, поради причини поврзани со личноста и здравствената состојба. Беше осуден на казна затвор 16 години, заклучно до 12.05.2036 година. Пред нас се нови планови и заедничка мисија да бидеме поддршка и глас на луѓето во затворските установи и да продолжиме да се бориме за правда. Тоа го правиме веќе активно“, стои во објавата.

Во завршницата, Чавкова испраќа директна порака до, како што вели, „креаторите на прогонот“.


„Сега ми е важно да искористам можност да порачам до креаторите на прогонот дека нема да се откажеме од борбата за вистината. Барањето за повторување на постапката беше експресно одбиено од Кривичниот суд, а потоа таа одлука беше потврдена и од Апелациониот суд. Но денес, семејствата на осудените за 27 април и самите обвинети се посплотени и посилни од кога било. Нема да дозволиме оваа неправда да биде заборавена. Сите што учествувале во политичкиот прогон еден ден ќе мора да се соочат со законот. Да не мислат дека мирно ќе спијат уште долго, знаеме се… како изнудувале изјави, како инструирале лажни сведочења… располагаме и со материјални докази за се. Борбата тек почнува“, напиша Зорица Чавкова Пинтарич, ќерката на Митко Чавков.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Египќаните во Македонија се оградуваат од Рубин Земон: Со негатори на македонскиот народ не би се сретнале, а камоли да пиеме кафе!

Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат тие се лично негови.

Кекеновски: СДСМ и Филипче паничат и хистеризираат, оти правдата им тропа на врата! Судиите и обвинителите мора да го казнат криминалот и башибозукот на арамиите!

„До кога СДСМ ќе размислува, дејствува и ќе реагира на ваков начин како што реагира цело време откако Филипче е на чело на партијата? Секогаш кога ќе се отвори прашањето за криминал, корупција и барања судиите и обвинителите професионално, одговорно и согласно законот да си ја вршат работата, веднаш почнуваат приказните за „притисок врз обвинителството“ и „загрозена независност на судството“.Целата оваа нервоза и паника што јавно ја демонстрираат СДСМ и Филипче секогаш кога ќе се повикаат судиите и обвинителите на совесно работење и да не потпаѓаат под политички влијанија, најверојатно е резултат на стравот дека правдата конечно може да стигне и до нив!“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Курир“.

ВМРО ДПМНЕ: За Филипче „Бугари во Устав“ е единствен проблем со Бугарија, но по тоа би уследила промена на сета историја на Македонија и негирање на македонскиот јазик!

„Само Венко Филипче, специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, слепо верува на неговите политики дека уставните измени се последната пречка за нашиот влез во ЕУ. Но, уставните измени не се последната пречка, ниту се последно барање на Бугарија.“ – реагира жестоко ВМРО ДПМНЕ.

Роамингот меѓу Македонија и ЕУ на чекор до укинување

Aмбасадорите на земјите членки на ЕУ на 3. јуни треба формално да го разгледаат и одобрат мандатот за почеток на преговори, а потоа министрите на Унијата да ја потврдат одлуката. Со тоа Европската комисија би можела да почне билатерални разговори со секоја држава од Западен Балкан одделно, меѓу нив и Македонија. Но важната реченица за граѓаните е оваа: роамингот сè уште не е укинат. Ова е отворање пат, не финална рампа што веднаш се крева.

Скандалозно омаловажување и негирање на Македонците од Сулејмани: Тоа е народ на туѓи херои, а можеби се и внуци на првите балкански диносауруси!

„Денес нашите македонски соседи го слават Денот на азбуката. Сериозен празник, со сериозни говори, сериозни академици и луѓе, кои сериозно климаат со главите, како азбуката да им ја оставил нивниот дедо во неговиот тестамент. Азбуката, како што е познато, ја донеле браќата Кирил и Методиј – Бугари или не, но ова е тема што сè уште ги прогонува историчарите од регионот. Но, проблемот започнува штом групата ќе испие неколку чаши ракија и ќе почне да раскажува чудни приказни. Затоа што, според официјалната верзија, Македонците денес се во исто време: и Словени, и антички, потомци на Александар Велики, братучеди на Сонцето од Вергина! А ако можеби ќе се појават дека се дури и внуци на првите балкански диносауруси.“ – наведува публицистот и „аналитичар“ од Куманово Сермет Сулејмани во своето писание, намерно објавено токму на 24 мај, денот на Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители. Сулејмани не само што изнесува скандалозни омаловажувања на сиот македонски народ и го изложува на јавно исмевање неговиот национален и културно-јазичен идентитет, туку се впушта во негирање на тој идентитет и на историјата на македонскиот народ и неговите историски личности, индиректно доведувајќи ги еден од столбовите на македонскиот идентитет Кирил и Методиј во врска со Бугарите!

To top