Тема: статистика

Државната статистика забележува голем раст на превезената стока во товарниот сообраќај

Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4% и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10.

Декемвриската просечна плата порасна за 7,6% и изнесува 46.889 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во Транспорт и складирање со раст од 12,8 проценти, Рударство и вадење на камен со 9,0 проценти, како и во Градежништво со 7,0 проценти.

Прометот во трговијата со храна, пијалаци и тутун пораснал за 6,5%

Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 6.5 %, објави Државниот завод за статистика.

Индустријата со раст од 2,8% – Кои сектори највисоко котираат?!

Раст на производството во октомври на годишно ниво има во: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%.

To top