Тема: студ

(Фото): Студот ги оштети лозјата во Тиквешијата, родот сериозно намален

Овоштарите велат дека ниту една осигурителна компанија не прифаќа осигурување на родот од мраз. Стручњаците објаснуваат дека во вакви случаи единствено решение за овошките и родот е чадење. Густиот чад создава завеса која го ублажува ладењето на пониските слоеви на воздухот.

Времето се менува, студот доаѓа и во Македонија

Според најновите податоци од УХМР, Македонија оваа недела ќе влезе под влијание на циклонска активност која носи значително променливо и нестабилно време. Во следните денови ќе доминира облачност со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток.

Обилен дожд и ноќва низ цела Македонија, до кога?!

Поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот во Македонија во изминатите 12 часа до 19 часот на повеќе места беше врнежливо а повремено врнежите беа обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Почна грејната сезона – дел од граѓаните останаа со ладни радијатори

Од ЕСМ велат дека немањето парно некаде е поради технички проблеми, или неплатени сметки за струја. Нивните екипи се на терен за што побрзо да се нормализира снабдувањето во сите домови. парното греење и инвертер уредите според експертите се најекономичните системи кои воедно не ја загадуваат животната средина.

Следува голем студ, многу дожд и снег во Македонија

И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

To top