Македонија

Поларна ноќ во земјава – температурите ќе паднат до -20!

Утрото на 12 Јануари Понеделник ќе биде екстремно ладно во Македонија

Територијата на Македонија во текот на оваа ноќ ќе подпадне под уште поладна  и поларна воздушна маса од север која дополнителнмо ќе ги спушти температурите на воздухот а исто така облачноста ќе се намали но ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, објави Славчо Попоски.

– Утрото на 12 Јануари Понеделник ќе биде екстремно ладно во Македонија со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени а во планинските места температурите очекувам да се спуштат  и до -20 степени. Во Скопје наутро на 12 Јануари Понеделник температурата ќе се спушти до околу -10 степени.

Многу ладно ќе биде  и преку денот Понеделник 12 Јануари со температури кои ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен.  Во Скопје температурата во текот на денот Понеделник 12 Јануари ќе се искачи до околу 0 степени.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top