Македонија

Почна грејната сезона – дел од граѓаните останаа со ладни радијатори

Од ЕСМ велат дека немањето парно некаде е поради технички проблеми, или неплатени сметки за струја. Нивните екипи се на терен за што побрзо да се нормализира снабдувањето во сите домови. парното греење и инвертер уредите според експертите се најекономичните системи кои воедно не ја загадуваат животната средина.

Студот, посебно ладното време на утро и ноќе, ги натера надлежните порано да пуштат топлинска енергија, односно грејната сезона. Иако поголем дел од домаќинствата имаат топлинска енергија, сепак некои од нив останаа со ладни радијатори. Причината била дефекти во топловодните системи. Очекуваат решавање на проблемот.

Од ЕСМ преку соопштение информираа дека станува збор за технички проблеми, или поради неплатени сметки за електрична енеергија, и додадоа дека нивните екипи се на терен за што побрзо да се нормализира снабдувањето во сите домови. парното греење и инвертер уредите според експертите се најекономичните системи кои воедно не ја загадуваат животната средина.

Студот, според прогнозите ќе се задржи деновиве, додека пак синоптичарите најавуваат пораст на температурите веќе од овој викенд. Сепак, дали ниските температури со кои започна октомври, може да најават постудена есен за разлика од претходната, не се знае. Метеоролозите сметаат дека есенските температури веќе следниот месец ќе бидат за нијанса повисоки, а не очекува за степен два, поблага зима во однос на минатата година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top