Бугарија добила барање за апсење и испорачување на Ива Михаилова, но нагласува дека може да го одбие тоа, оти „била и бугарска државјанка“!
Бугарските власти засега не презеле активности за утврдување на местото, каде што се наоѓа Ива Михаилова, по која Македонија побарала меѓународна потрага, заради апсење и испорачување. Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Михаилова е државјанка и на Бугарија и на Македонија, посочувајќи дека „меѓународните и домашните правни одредби предвидуваат можност за одбивање на испорачување на сопствени државјани“, пренесуваат бугарските медиуми.