Македонија

Ахмети и Тачи земале по 6250 евра за по еден настап во име на граѓаните

Адвокатот Умејр Мухамеди остро ги критикуваше Али Ахмети и Мендух Тачи: „За една година во Собранието се појавиле само четири пати“

Адвокатот Умејр Мухамеди во објава на социјалните мрежи остро ги критикуваше лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, посочувајќи дека во текот на една година во Собранието на на Македонија се појавиле само четири пати, а притоа добивале по 25.000 евра.

Мухамеди потсети дека двајцата се пратеници веќе 24 години и ги повика граѓаните да пресметаат колку пари заработиле само од пратеничките плати, без да се вклучат и другите можни комбинации.

„Ама ако, убаво. Вака нека ве вртат, бидејќи кога некој млад ќе изразува амбиции да стане пратеник или советник со чисти намери, ем нема да го гласате, ем ќе го напаѓате без никакви причини. Така да, секоја чест за нив и Господ нека ви е на помош на вас“, напиша адвокатот во објавата.

Со оваа реакција Мухамеди повторно ја отвори темата за присуството на долгогодишните пратеници во законодавниот дом и за односот на јавноста кон младите политички амбиции.

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

To top