Љутков од Рим: Делото на Кирил и Методиј е духовен и темел на словенската писменост, а Македонија духовен мост што го чува пламенот на словото
Со концерт на камерниот ансамбл Консонанс во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“ во Рим, свечено беше заокружено годинашното чествување на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Зоран Љутков, кој беше дел од државно-црковната делегација, истакна дека нивното дело е духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет, пренесе МИА.