Македонија

Љутков од Рим: Делото на Кирил и Методиј е духовен и темел на словенската писменост, а Македонија духовен мост што го чува пламенот на словото

Со концерт на камерниот ансамбл Консонанс во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“ во Рим, свечено беше заокружено годинашното чествување на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Зоран Љутков, кој беше дел од државно-црковната делегација, истакна дека нивното дело е духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет, пренесе МИА.

Македонија  духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото – порача Љутков, нагласувајќи дека македонското духовно и културно наследство продолжува да живее преку јазикот, уметноста и традицијата. Тој посочи дека Рим е симболично место за оддавање почит на сесловенските просветители, чие дело и денес ги обединува народите преку вредностите на словото, верата и културата.

Осврнувајќи се на значењето на уметноста, Љутков ја истакна музиката како универзален јазик што ги надминува границите и ги поврзува луѓето преку емоција и духовност. Според него, ансамблот „Консонанс“ преку својот настап испратил силна порака за културниот континуитет и богатството на македонската традиција. Чествувањето во Рим државно-црковната делегација, предводена од Африм Гаши, го започнала со аудиенција кај Папа Лав XIV и средба со Пјетро Паролин.

Во рамки на програмата, во базиликата „Сан Клементе“ бил одржан молебен на гробот на Св. Кирил, а делегацијата ја посетила и папската базилика „Санта Марија Маџоре“, каде бил положен венец на спомен-плочата испишана на македонски јазик.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

To top