Тема: температура

Обилен дожд и ноќва низ цела Македонија, до кога?!

Поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот во Македонија во изминатите 12 часа до 19 часот на повеќе места беше врнежливо а повремено врнежите беа обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

(Фото): Наврнаа 55 литри дожд – обилните врнежи продолжуваат во Македонија, до кога?!

Од следната недела ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нови врнежи повторно се очекуваат во петок кон крајот на денот.

Јадранското Море достигна температура што била предвидена за дури до крајот на векот

Температурата на Јадранското Море денес е повисока отколку било кога во минатото – и трендот на затоплување продолжува. Во последните дваесет години, површинските летни температури често надминуваат 27 °C, а во поплитките области достигнуваат и 29 °C, што е за 1–2 °C повеќе од крајот на минатиот век.

To top