Македонија

Македонија ја има деветтата највисока температура измерена некогаш во Европа

Најавените 42 степени за претстојниот викенд во земјава пониски за 3,7 од рекордните

Во пресрет на најавените 42 Целзиусови степени за претстојниот викенд, споредбена анализа покажува дека тоа, сепак, е „далеку“ од рекордните 45,7 степени регистрирани на 24 јули 2007 година во Демир Капија, деветта највисока температура измерена некогаш во Европа.

Рекордер на континентот е Турција со 49,5 степени, пред Италија со 48,8 и Грција со 48, а пред Македонија се уште Шпанија со 47,6 степени, Португалија со 47,4, Кипар и Босна и Херцеговина со по 46,2 и Франција со 46, а европскиот топ-10 го заокружува Русија со 45,4.

На дното е Исланд со измерен температурен рекорд од 30,5 Целзиусови степени, пред Ирска со 33,3, Норвешка и Естонија со по 35,6, Данска со 36,4, Финска со 37,2, Литванија со 37,5, Летонија со 37,8, Шведска со 38, Белорусија со 38,9 итн.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top