Македонија

(Фото): Наврнаа 55 литри дожд – обилните врнежи продолжуваат во Македонија, до кога?!

Од следната недела ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нови врнежи повторно се очекуваат во петок кон крајот на денот.

И вечерва особено во западните предели продолжуваат обилните врнежи од дожд кои локално се проследени и со појава на грмежи и силен западен и југозападен ветер во вид на локално силно невреме. Понатаму врнежите ќе се прошират насекаде во нашата Македонија.

Преку ден, во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер ќе има во западните и во северозападните делови.

На табелата можете да ги видите вечерашните температури измерени до 19 часот во нашата Македонија како и наврнатото количество на воден талог до 19 часот вечерва и тоа на мерните станици на УХМР. Може да се види дека досега најмногу дожд наврна на Попова Шапка  и тоа 55 литри дожд на метар квадратен а од градовите најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 31 литар дожд на метар квадратен.

Поради обилните врнежи можни се  и локални поројни поплавувања особено во западните предели од нашата Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top