Си-Eн-Eн за Македонија: Прекрасната земја на југот од Европа со слоевита историја од византиската и османлиската до југословенската ера
„Земјата со 2 милиони жители, што е малку поголема од Вермонт, сè уште не ги доживеала толпите туристи што го задушуваат поголемиот дел од Јужна Европа секое лето. Оние, кои се вклучени во туристичката индустрија, се претпазливи во привлекувањето на таков вид масовен туризам, што би можело негативно да влијае на квалитетот на животот на жителите. Но, тие знаат дека земјата има многу да понуди и оти туристичкиот сектор сè уште има простор за раст. Опкружена со гребени и врвови, кои нудат пејзажи, што го опфаќаат целиот спектар на четири годишни времиња – од зелени падини до снежни карпи – С.Македонија нуди можност за избирање на патот, по кој поретко се оди како дестинација во Јужна Европа.“ – ова е почетокот на репортажата на американската глобална телевизија „Си-ен-ен“ за Република Македонија, објавена вчера.