Македонија

Професорот Дескоски: И соработниците во СЈО го носат срамното слово на Специјалната јавна обвинителка

ФБ статус

Професорот Тони Дескоски, жестоко коментираше за Специјалното јавно обвинителство. Според него, иако беше формирано со голема надеж дека ќе стави крај на неказнивоста, институцијата се заплеткала во криминал и корупција. Тој истакна дека осудата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја убила и последната надеж дека правдата ќе се врати.

„СЈО беше избрана со големи очекувања и надеж дека конечно ќе го пресече јазолот на неказнивоста.

Наместо тоа, добивме монструм кој забразди во криминал и корупција, на најпримитивен начин.

Кривичното обвинение и осуда на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја уби и последната надеж дека правдата ќе се врати. А целокупната нејзина работа како СЈО ја дискредитираше.

Оние кои спровеле масовна операција на прислушување, со цел да воспостават целосна контрола над целокупниот општествен и политички живот (и никогаш да не паднат од власт) си останаа на слобода. Оттогаш наваму имаме неколкугодишни тормозења со остатоците од еден дискредитиран процес на прогон.

Време е некој на соработниците на СЈО да им каже в лице дека и тие го носат срамното слово на Специјалната јавна обвинителка. И ако имаат грам доблест, најмалку што можат да направат е самите да побараат да бидат ослободени од работа на обвиненијата на СЈО. Да не чекаат истоте да им бидат одземени.

Елиот Нес не живее овде и никогаш не ни живеел.

п.с. Можеби новиот Јавен обвинител и ќе успее нешто да помрдне. Навиваме за него, ама судот ќе може да се даде дури откако тој ќе почне да ги влече потезите. Веќе бланко доверба нема за никого! Ќе се оценуваат делата“, напиша тој.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top