Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку две недели останува и мерката за понизок данок од 18 на 10 проценти.

-Доколку не се случеше ова намалување на акцизата тогаш литар дизел ќе беше отприлика 102 денари, можеби и над 102 денари, така велат нашите калкулации, бидејќи берзата се затвори во четврток, поради велигденските празници и ќе се рестартира во вторник. А безоловниот 95 и 98 октански, ќе беше поголем за 1 и пол до два денари, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај пониските акцизи, на сила до крај на април останува и попустот на ОКТА. Мицкоски кажа дека имале разговори, со цел граѓаните да плаќаат уште поевтини горива.

-Доаѓаме до цена која што за дизелот ќе биде иста како и до сега, практично доколку се вкалкулира попустот за четири денари од акцизата и три денари кој што го добиваме од ОКТА, така што оние седум денари потенцијално зголемување ги амортизираме. Додека пак кај безоловниот 95 и 98 октански, покрај оние два денари по литар, ќе имаме дополнителни два денари по литар намалување, изјави Мицкоски.

На македонските бензиски последниве недели покрај нашите граѓани, горива полнат и од соседните држави. На дневно ниво, ако претходно потрошувачката била еден милион тони, сега во просек е по 2 милиони. Според премиерот, потреба од некакви рестриктивни мерки не е потребна, бидејќи Македонија сега е фактор на енергетска стабилност во регионот. Покрај за потрошувачката на мало, од државава со керозин се снабдуваат и неколку аеродроми во регионот.

Нови мерки за горивата, Македонија ја намалува акцизата

-Треба да се навикнеме и во состојба кога не коленичиме, туку кога емитуваме стабилност и сигурност, ние во моментов како држава сме фактор на стабилност во регинот. И ние како држава сметаме дека тоа што го овозможуваме да граѓани од соседните држави ги користат нашите ресурси, напротив помагаме во македонската економија, а не имаме одземена вредност, туку имаме додадена вредност. Но, еве и на граѓаните од другите држави им овозможуваме да користат поевтини енергенси, ијзави Мицкоски.

Иако состојбата во целиот свет од ден во ден станува се понеизвесна, а оваа криза се очекува да трае на подолг рок, премиерот уверува дека економската состојба во државата е стабилна. Според проекциите од првиот квартал годинава, каде приходите во буџетот биле согласно очеквуањата, нови задолжувања во моментов не се потребни, ниту планирани.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top