Уапсени петмина, од кои четворица малолетници за лажните дојави за бомби во тетовските училишта!
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полицајци од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така вмешани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.