Тема: уставни промени

Таналари: Дали меѓународниот чинител е рамнодушен кон уставните промени, или има стратегија за помек притисок и јасни очекувања за реформи?

„Релативната тишина од страна на меѓународната заедница во врска со уставните промени создаде простор за расправа на домашната политичка сцена. Некои политичари го толкуваат тоа како знак дека меѓународната заедница не сака да се меша во толку чувствително домашно прашање. Други веруваат дека станува збор за нова стратегија: помек притисок, но со јасни очекувања за реформи.“ – наведува во својата колумна Африм Таналари, новинар во Албанската редакција на Радио Скопје.

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

Лаен доаѓа со „европски булдожер“ во нов обид да го „раздроби“ „ѕидот“ на отпорот против бугаризацијата на македонскиот народ и држава (2)

Шпанија и Словачка во своите устави по никоја основа не предвидуваат и не дозволуваат национални малцинства, или етнички групи да можат да здобијат во нивните устави статус како „државотворни народи“, за да не им се овозможи на односните малцинства, или етнички групи, да здобијат право, согласно со меѓународното право, на територијална автономија и самоопределување до отцепување од овие две држави. Односно, право да прогласат сопствена држава на „својот дел“ од територијата на Шпанија и Словачка и потоа да ги припојат кон „своите матични држави“. Ова го истакнуваат реномирани европски и светски експерти за уставно право и политички науки. Токму тоа го бара Бугарија за „бугарските државотворци“ во Македонија, токму ова штедро го поддржуваат Урсула фон дер Лаен и ЕУ! Зошто Лаен не оди и во Шпанија и Словачка и таму да бара промени во нивните устави, па да добијат и некои од тамошните национални малцинства уставен статус како „државотворни елементи“ на Шпанија и Словачка (патем и членки на ЕУ!), па да имаат право на отцепување „свои делови“ и од териториите на Шпанија и Словачка и припојување на тие делови кон „своите матични држави“?!

Сиљановска Давкова: „Бугари во устав“ нема врска со Копенхашките критериуми

Претседателката на Македонија вели дека проблемот со ветото во нашиот случај е што тоа не се заснова на почитувањето на Копенхашките критериуми туку на барањата кои доаѓаат од нашиот сосед кои немаат ништо со овие критериуми.

To top