Малолетници вандалски дивееле во парк во Карпош, демолирале канделабри, клупи! Општината бара одговорност!
Општина Карпош алармира за зачестени случаи на вандализам низ населбите, откако последниот инцидент со малолетници, кои уривале канделабри заврши во полиција. Од Општината апелираат до родителите и граѓаните да помогнат во зачувување на јавниот имот. Општина Карпош изрази сериозна загриженост поради зачестените случаи на вандализам и уништување на урбаната опрема и детските игралишта на целата нејзина територија, предупредувајќи дека ваквите постапки не претставуваат само материјална штета, туку и сериозна опасност за безбедноста на граѓаните.