Македонија

Малолетници вандалски дивееле во парк во Карпош, демолирале канделабри, клупи! Општината бара одговорност!

Општина Карпош алармира за зачестени случаи на вандализам низ населбите, откако последниот инцидент со малолетници, кои уривале канделабри заврши во полиција. Од Општината апелираат до родителите и граѓаните да помогнат во зачувување на јавниот имот. Општина Карпош изрази сериозна загриженост поради зачестените случаи на вандализам и уништување на урбаната опрема и детските игралишта на целата нејзина територија, предупредувајќи дека ваквите постапки не претставуваат само материјална штета, туку и сериозна опасност за безбедноста на граѓаните.

Од локалната самоуправа информираат дека во изминатиот период биле евидентирани бројни оштетувања на јавниот имот, меѓу кои клупи, корпи за отпадоци, паркинг-држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити, како и друга урбана опрема. „Во изминатиов период е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема. Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на малолетни деца, дополнително ја отвора потребата од поголема грижа, одговорност и превенција. Покрај нанесената материјална штета, овде станува збор и за сериозно загрозување на безбедноста по сите граѓани на јавниот простор“, соопштија од Општина Карпош.

Од Општината посочуваат дека сите досега регистрирани случаи биле пријавени во Полициската станица Карпош, од каде добиле уверување дека ќе има засилено полициско присуство на терен и активности за расчистување на инцидентите. „Апелираме до сите граѓани за совесно и одговорно однесување кон урбаната опрема и јавниот простор како наш заеднички имот и навремено пријавување на секој случај на вандализам до надлежните служби. Апелираме и до родителите за поголема информираност за движењето и однесувањето на нивните деца, како и разговори за значењето од зачувувањето на јавниот простор и последиците од несоодветното однесување. Да го чуваме заедничкиот простор затоа што јавниот имот е одговорност на сите нас“, порачаа од Општина Карпош.

Реакцијата на локалната самоуправа следува откако синоќа жител на Карпош објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како група малолетници насилно уриваат канделабри во еден од парковите во општината. Случајот предизвика бројни реакции кај граѓаните, кои бараат поголема контрола и санкции за ваквото однесување, особено кога станува збор за уништување на јавниот имот што секојдневно го користат децата и семејствата.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top