Манасиевски, ВМРО ДПМНЕ: „Децата на Македонија“ на Филипче се дилери на дрога и насилници, пратени да прават инциденти во Ново Село!
„Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село!“ – портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски денеска се огласи со ова обвинувања кон лидерот на СДС Венко Филипче, наведувајќи дека лицата, кои тој вчера во Ново Село ги нарече „деца“, се осудени насилници и трговци со дрога. Манасиевски оцени дека Филипче со својата прес-конференција се обидел да го сврти вниманието од вистината и лицата со кои бил фотографиран да ги претстави како жртви.