Македонија

Манасиевски, ВМРО ДПМНЕ: „Децата на Македонија“ на Филипче се дилери на дрога и насилници, пратени да прават инциденти во Ново Село!

„Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село!“ – портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски денеска се огласи со ова обвинувања кон лидерот на СДС Венко Филипче, наведувајќи дека лицата, кои тој вчера во Ново Село ги нарече „деца“, се осудени насилници и трговци со дрога. Манасиевски оцени дека Филипче со својата прес-конференција се обидел да го сврти вниманието од вистината и лицата со кои бил фотографиран да ги претстави како жртви.

Натаму гласноговорникот на владејачката македонска партија истакнува: „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор, бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена дрога. СДС има историја и соработка со луѓе со сомнително однесување, со криминалци и со личности кои користат дрога. Токму поради таквите политики СДС денес е без доверба – порачува Валентин Манасиевски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ. 

Најнови вести од: Македонија

To top