Тема: ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Љупчо Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако претходно Заев и Филипче му го отпишаа кусокот

Љупчо Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако претходно Заев и Филипче му го отпишаа кусокот, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ: Кловновите од СДС не ќе можат да избегаат од одговорноста за сите кражби и злодела, што ги сторија!

ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на СДС е на ниво на состојба, која е надвор од сферата на политиката, а повеќе во сферата на душевното здравје на авторите, кои од ноторни криминалци се прават жилави луѓе и жртви.

„Порталб“: Ќе продолжи преименувањето на улиците во Тетово, но македонските партии се против тоа

„Преименувањето на улиците во Тетово не беше завршено за време на општинската администрација 2021/25 година и беше прекинато непосредно пред годинашниве локални избори. Општина Тетово вели дека процесот ќе продолжи таму каде што застана. Албанската опозиција прашува: дали градоначалникот Билал Касами ќе има политичка моќ да ја направи оваа промена? Македонските партии не ги променија своите ставови: искажуваат спротивставување.“ – пишува во анализата, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не се грижи за пензионерите, туку оди си од СДСМ

Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновска: Дали Заев, Филипче и Николовски отпишале 2 илјади тони јачмен и пченица од стоковните резерви, кои преку Димковски завршувале на црн пазар во соседството?

„Ако СДС сака да се реформира, мора да се огради и дистанцира од криминалците во своите редови, почнувајќи од Заев, Филипче и Николовски.“ – порача портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Викторија Андоновска во денешното обраќање до медиумите.

To top