Тема: војна украина

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право

Постојат силни причини да се верува оти во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства. Во однос на американските напади врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш оцени дека тие не се во согласност со меѓународното право.

(Видео): На маса најчувствителните прашања – Заврши првата рунда преговори меѓу САД и Украина

Украинските и американските претставници денес во Флорида ја завршија првата рунда преговори за мировниот план поддржан од Вашингтон, чија цел е да се стави крај на војната со Русија. Двете страни ја оценија средбата како „продуктивна“, но нагласија дека сè уште има многу работа пред нив, пишува Киев Индипендент.

Европските земји предложија радикално поинаков план за Украина од оној на Трамп

На почетокот на дискусиите во Женева, Доналд Трамп рече дека Украина покажала „нулта благодарност“ за напорите на САД за прекин на конфликтот. Во помирувачки одговор, Володимир Зеленски рече дека е лично благодарен на американскиот претседател за воената помош што ја дал Вашингтон, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, кои спасија украински животи.

To top