Тема: време е за одговорност

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку транспарентна, правична и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е и исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

To top