Македонија

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку транспарентна, правична и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е и исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

„Очекуваме процесот да се спроведе во согласност со највисоките стандарди на владеењето на правото: пред сè, со високо ниво на транспарентност, во согласност со јавниот интерес; но пред сè, со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи“, се наведува во соопштението од партиското седиште во Мала Речица.

Од ДУИ порачуваат дека остануваат на ставот оти „правдата треба да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание“. Според партијата, „“само фер и професионална постапка може да придонесе за утврдување на вистината, за зајакнување на институциите и одржување на довербата на граѓаните.“ 
„Со оглед на високиот политички и јавен интерес во овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази.“ се наведува во соопштението од Мала Речица.

Коалицијата Вреди во денешното соопштение поставува прашање дали поранешниот функционер на ДУИ, Артан Груби „ќе им го зададе фаталниот удар“ на лидерот Али Ахмети и на ДУИ.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top