Јаневски: Време е за пресврт, да се расчисти со предавниците, што ѝ забија нож в грб на Македонија, кои ѝ кројат црни сценарија и сега со „Бугари во устав“!
„Eдна од главните теми во Македонија и натаму е: зошто не сме ги внеле Бугарите во Уставот? Зашто одговорот е јасен. Не ги внесуваме зашто имаме два катастрофални протокола: потпишани едниот од Никола Димитров, а другиот од Бујар Османи, врз основа на кои Софија ќе не блокира веќе во првата секунда по отворањето на преговорите со Брисел, ако пред таа секунда не потпишеме дека сме вештачка нација создадена во 1944 година. И дека Гоце и сите други од „ Македонија како најромантичниот дел од бугарската историја“ ( како што велеше Петар Стојанов, поранешниот бугарски претседател) се Бугари, кои се бореле за бугарска Македонија населена со Бугари. Така што, од дамнина, до ден денешен, за Бугарија Македонија е бугарска земја, која комунистите ја претвориле во нешто друго, во нешто што сме денес и тука нема што ниту да се додаде, ниту да се одземе.“ – нагласува Дарко Јаневски, публицист, новинар и директор на Македонската информативна агенција – МИА во својата колумна со наслов „Бугарите во Устав, предавствата, мракот и светлината во љубовната приказна за Македонија“.